15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Невестата направила сообраќајка под дејство на алкохол, свадбата одложена

Свадбата е еден од оние денови во животот кога ништо не сакате да препуштите на случајност, но понекогаш работите тргнуваат по некој свој тек па може да се случи и свадбата да се одложи поради некои непланирани настани.

Полицијата во Аризона ја привела 32-годишната Амбер Јоунг откако, возејќи на сопствената венчавка, под влијание на алкохол предизвикала сообраќајка во која учествувале три автомобили.

Невестата облечена во долга бела венчаница била уапсена со лисици на рацете.

За среќа, во сообраќајката никој не е повреден потешко, освен веројатно егото на младоженецот кој останал да чека пред олтарот.

Дали подоцна имало венчавка и како реагирал младоженецот на ова непланирано одложување, не е познато.

Спонзорирано: