5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фатиме побара притвор за обвинет во „Шлаканиците” – ларингитис не може да биде пречка за присуство на судењето

Обвинетиот Милан Андоновски не дојде на денешното рочиште за случајот „Насилство”. Адвокатот на Андоновски, Димитар Дангов рече дека утрово обвинетиот му се јавил по телефон и му рекол дека отворил боледување од две недели. Боледувањето е со датум од 9 март и трае 14 дена, а било потпишано од матичен лекар, по претходен преглед кај специјалист за уво, нос и грло.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи рече дека овој обвинет три пати досега отсуствува од судења. Еднаш не се појавил, иако бил уредно повикан. Вторпат бил болен, а сега повторно отворил боледување. „Барам притвор за Андоновски. Тоа е единствениот механизам за обезбезбедување присуство. Обвинетиот одбегнува да дојде на судење“, рече Фетаи.

„Ние овде нема да копаме”, рече обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски. Обвинителот додаде дека ларингитис имаат повеќе од половина од присутните во судницата. „Обвинетиот не го почитува судот и затоа мора да се обезбеди присуство. Се прави одолговлекување на постапката на секој можен начин. Можеле да извадат некое поприфатливо лекарско образложение“, рече Бубевски.

Адвокатот на Андоновски побара судот да му се почитува правото на здравје. Судијата и’ го одби барањето на Фетаи, бидејќи имал уреден лекарски извештај и му било препорачано мирување. Обвинетите во предметот се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.Судењето е одложено за 3 април.

Спонзорирано: