3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
БИЗНИС

„Стандард енд Пурс“ го подигна кредитниот рејтинг на Русија

Меѓународната агенција на Вол Стрит го зголеми кредитниот рејтинг на Русија за еден процент, што одразува подобрување на економијата на Русија и ограничувањето на буџетот. Меѓународната агенција за рејтинг „Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Русија од инвестициско ниво „БББ“ на ниво „ББ+“ доцна синоќа и наведе дека изгледите за рускиот долг и економија сега се стабилни.

Водечката агенција за рејтинг објави дека буџетската дисциплина и ограничување на Русија се стабилни по зголемените меѓународни санкции и драматичниот пад на цените на нафтата помеѓу 2014 и 2016 година, кои заедно ја втурнаа руската економија во длабока рецесија. Економијата се врати на раст минатата година, а агенцијата соопшти дека очекува тој раст да продолжи и во 2018 година и до 2021 година, постигнувајки темпо од околу 1,8 проценти годишно.

„Економското закрепнување, најверојатно, ќе биде поддржано од враќањето на цените на нафтата, умереното проширување на домашната побарувачка поддржана од постепеното олабавување на монетарната политика и глобалниот економски пораст”, информира агенцијата.