Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
ЦУК не се вклучил во потрагата бидејќи планинарите биле на грчката страна на Кајмакчалан
Центарот за управување со кризи формирал тимови за спасување на двајцата планинари, Калина Велевска и Александар Миновски, но тие не биле вклучени во потрагата бидејќи чекале од грчките колеги да ги известат дали планинарите ја ја поминале граничната линија на врвот на Кајмакчалан и се наоѓаат на македонска територија, дознава „Макфакс“.
До Центарот за управување со кризи, „Макфакс“ испрати прашања, со барање на конкретни одговори за тоа во колку часот бил мобилизиран тимот на управата и колкумина биле вклучени во потрагата, дали тимот дејствувал на терен и какви мерки се преземи за пронаоѓање на сега починатите Калина и Александар, но тие не одговорија.
Од таму кусо информираат дека првата дојава за настанот ја добиле во 03:50 часот изутрина, кога во битолскиот центар за управување со кризи пристигнала информација дека на планината Кајмакчалан, од грчка страна кај Лутраки, се изгубени две лица планинари на планинарското друштво „Трансферзалец“ – Скопје.
„Веднаш е стапено во контакт со МВР СВР Битола, Пограничната полиција, ДЗС – Битола, кои веќе биле запознати и подготвени да започнат потрага по изгубените лица“, велат од ЦУК.
К. Ландов(Макфакс)