13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Индија се вклучува во освојување на Вселената

(МИА) – Индиската организација за вселенски истражувања планира во април да лансира автоматска меѓупланетарна станица кон Месечината, наречена „Чандрајан-2“, изјави индискиот државен министер за вселенски истражувања, Џитендра Синг.

– Индија има намера да ја лансира „Чандрајан-2“ во април. Оваа мисија следи по „Чандрајан-1“, благодарение на која откривме вода на Месечината. Мисијата „Чандрајан-2″ значи развој на севкупниот проект, што е значаен исто колку и човечкото стапнување на Месечината, смета Синг.

Имено, „Чандрајан-2“, освен слетување на единствениот земјин природен сателит, предвидува и „прошетка“ по неговата површина, во научни цели.

Проектот „Чандрајан-2“ чини осум милијарди рупии (околу 125 милиони долари).

Спонзорирано: