11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Затворени училиштата во Словенија поради штрајк на наставниците

Повеќето училишта во Словенија ги затворија вратите кога 38.000 наставници во земјата одлучија да излезат на еднодневен штрајк барајќи повисоки плати, објави „Ројтерс“.

Повеќе од 15.000 наставници се очекува да се соберат во центарот на Љубљана за да ѝ порачаат на Владата дека нивната работа не е соодветно наградена.

„Бараме просечната учителска плата да се зголеми 10 проценти бидејќи професорите добиваат значително пониски плати од луѓето со сличен степен на образование“, изјави портпаролот на учителскиот синдикат на Словенија.

Во моментот државните службеници во целата држава протестираат поради незадоволството од износот на платите. Минатиот месец речиси 30.000 државни службеници одржаа еднодневен штрајк, а полициските службеници штрајкуваа во понеделникот. Вчера и медицинските сестри престанаа да работат два часа барајќи повисоки плати.

Спонзорирано: