10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Патиштата во Македонија завеани, сообраќајот отежнат на повеќе патни правци

Според најновите информации од АМСМ поради лавина на патот, сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар целосно е во прекин.

Забраната за патнички возила на планинскиот премин Ѓавато сè уште е на сила. Исто така, на сила се и забраната за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – с. Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.

Врнежите од снег предизвикаа проблеми и на Стража. Патот не е исчистен и многу возила останаа блокирани крај и на патот. Според изјави на очевидци, завеани се камиони и автомобили, а среде патот има заглавено комбиња.

Освен снегот, сообраќајот на Стража го отежнува и маглата. Според последните информации од АМСМ, видливоста е намалена до 100 метри.

Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Спонзорирано: