11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Дутерте: На жените бунтовнички пукајте им во вагините

Организациите за човекови права ја осудија изјавата на претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, кој рече дека војската треба да им пука во вагините на бунтовниците од женски род затоа што така ќе станат бескорисни.

Како што пренесува „Гардијан“, Дутерте навел дека трупите би требало да им пукаат на бунтовничките во гениталиите затоа што без нив би биле бескорисни.

„Имате нова наредба од генералот. ‘Нема да ве убиеме. Само ќе ви пукаме во вагините, без нив ќе бидете бескорисни’“, рекол Дутерте обраќајќи им се на поранешните комунистички бунтовници.

Организацијата „Хјуман рајт воч“ ја осуди изјавата наведувајќи дека ја охрабрува војската на сексуално насилство.

Спонзорирано: