21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Саакашвили бара поништување на одлуката за протерување

Поранешниот грузиски претседател, Михаил Саакашвили, поднесе жалба до судот во Киев со која побара да се прогласи незаконско неговото протерување во Полска, соопшти прес-службата на судот.

Саакашвили беше притворен пред два дена, а потоа и депортиран во Полска. Тој се закани дека и во странство ќе собира луѓе,кои се против властите во таа земја.

Саакашвили, кој е и лидер на украинската парија Движење на нови сили, беше притоврен додека седел во еден ресторан во Киев. Тој во 2015 година доби државјанство на Украина и беше именуван за гувернер на регионот Одеса, но му беше одземено минатата недела.

Спонзорирано: