3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бошњаковски: Новиот директор на МРТ ќе биде на оваа функција сè до усвојувањето на законот за медиумски услуги

Изборот на новиот директор на МРТ, Марјан Цветковски, има важност сè додека не го усвоиме новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а тоа се очекува да се случи до крајот на оваа недела, изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

„За изборот на директорот на МРТ, сакаме да појасниме дека Владата нема никаква поврзаност со овој избор. Овој избор е одлука на програмскиот совет на МРТ, кој сè уште функционира во стариот состав, а граѓаните добро знаат кој членува во тој стар состав, на кој начин работеше и под чии влијанија и на каков начин е направен овој избор. Веднаш по усвојување на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе се овозможат професионални, непартиски нови раководни позиции и во МРТ и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тоа значи дека овој избор има важност сè додека не го усвоиме законот“, рече Бошњаковски.

Тој додаде дека со ова законско решение Владата ќе ја прекине праксата на нетранспарентност и ќе овозможи целосна професионализација и непартизација на МРТ и на Агенцијата како две значајни институции. Бошњаковски рече дека можно е до петок Владата да одржи посебна седница на која, како што рече, се очекува да помине новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Спонзорирано: