13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Адвокатот на Трамп потврди дека од свои пари ѝ платил на порноактерката

Личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, изјави дека на порноактерката ѝ платил 130.000 долари од сопствени пари, која наводно имала сексуална врска со претседателот во 2006 година.

Коен во изјава за „Њујорк тајмс“ вели дека ниту организацијата „Трамп“ ниту луѓето задолжени за претседателската кампања немале врска со исплатата на парите, кои тој ѝ ги дал на Стефани Клифорд, позната во порнографската индустрија како Сторми Даниелс.

„Во приватна трансакцијата во 2016 година користев сопствени пари за да ѝ платам 130.000 долари на Стефани Клифорд“ рече Мајкл Коен, кој додаде дека ниту организацијата „Трамп“ ниту луѓето задолжени за кампањата на Трамп не се учесници во трансакцијата со Клифорд ниту, пак, ми го надоместија износот за плаќањето ниту директно ниту индиректно“.

Како што пренесуваат американските медиуми, исплатата била извршена само неколку недели пред изборите во 2016 година.

Спонзорирано: