20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција го менува името на улицата каде што е американската амбасада

Градоначалникот на Анкара, Мустафа Туна, објави дека планира да го смени името на улицата во која се наоѓа амбасадата на САД и да се вика по моментната офанзива на Турција во Сирија. Туна на „Твитер“ напиша дека улицата Невзат Тандоган ќе се вика Улица Маслиново гранче.

Минатиот месец Турција почна операција „Маслиново гранче“, чија цел е војската на сириските Курди да се протера од северозападните делови на Сирија, а како што се наведува, таа војска е главен сојузник на САД во борбата против Исламската држава.

Во ноември Турција ја преименува улицата во која се наоѓа амбасадата на Обединетите Арапски Емирати бидејќи еден од министрите на таа држава на „Твитер“ напиша дека предците на турскиот претседател го ограбувале светиот град Медина.

Спонзорирано: