23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снегот направи хаос на патиштата: Целосно во прекин патот Ресен – Битола, заглавени шлепери, камиони, автомобили – не може да помине ништо

Интензивните снежни врнежи предизвикаа хаос во сообраќајот низ југозападниот дел на Македонија, а најкритично е на патот Ресен – Битола каде што е воведена целосна забрана на возила.

Според информации на Скај таму во моментов има заглавени шлепери, автомобили и автобуси.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.

Спонзорирано: