17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Пензионер (79) положил возачки испит за да може да ја посетува сопругата во болница

Кит Лимберт од Гарфорт во Јоркшир возел часови уште како момче, но никогаш не положил возачки испит.

Неговата сопруга Ен ја презела улогата на возач во куќата, па Кит немал потреба да полага.

Сепак, сè се променило кога неговата сопруга во октомври 2015 година доживеала мозочен удар, а моментално боледува од рак на дојка.

Сега тешко се движи и не може да ги извршува обврските кои порано и биле секојдневие.

Поради тоа, Кит ги земал работите во свои раце и во 79-та година положил возачки испит за да може да ја води својата сопруга на редовни прегледи.

Спонзорирано: