14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Отворен филмскиот фестивал „Киновева“

Вчера во Кинотеката на Македонија се отвори ретроспективната програма на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ – Скопје со проекцијата на шпанскиот дебитанстки филм „Летo 1993“ на Карла Симон.

Во рамките на програмата се прикажуваат четири дебитантски долгометражни филмови од Шпанија, Америка, Коста Рика и од Холандија.

Инаку, филмовите беа дел од меѓународната селекција за награди на „Киненова“ на изданието во 2017 година. Оваа програма фестивалот во соработка со Кинотеката ја прави уште една можност за гледачите што не успеале да ги гледаат овие филмови за време не премиерните прикажувања или што сакаат да ги гледаат повторно.

Вечерва е проекцијата на филмот „Колумбус“ на Когонада, Америка, а потоа по пауза од неколку дена, програмата продолжува на 18 февруари, недела, со филмот „Звукот на нештата“ на Ариел Ескаланте од Костарика и се заокружува со филмот „Квалитетно време“ на холадскиот режисер Дан Бакер.

Овој настан е поддржан и од Амбасадата на Кралството Шпанија во Македонија и од Амбасадата на Холандија во Македонија.

Спонзорирано: