9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Загреб оствари средба со хрватскиот премиер Пленковиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Загреб заедно со потпретседателот Александар Николоски оствари средба со премиерот на Република Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

Како што информираарт од партијата, на средбата станало збор за актуелната политичка состојба, можностите за меѓупартиска соработка, како и јакнење на регионалната поврзаност и искористување на политичките капацитети кои стојат на располагање. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочил дека Република Хрватска е долгогодишен пријател на Република Македонија и тие капацитети на взаемно пријателство треба да се искористат дополнително.

„Хрватска е членка во Европската Унија и НАТО, цели кон кои се стреми и ВМРО-ДПМНЕ и тука од огромно значење е поддршката од нашите пријатели како Хрватска користејќи го нејзиното искуство и веќе воспоставени врски и канали на комуникации во овие организации кон кој се стрмиме. Оттука Македонија и Хрватска се значајни партнери, ВМРО-ДПМНЕ лобира за она што е наш стратешки интерес“, потенцирал Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ воедно посочил дека е потребен видлив напредок во поглед на овие стратешки приоритети и дека македонската влада треба да се посвети на суштински реформи, кои ќе забележат реален напредок од кој корист ќе имаат граѓаните на Република Македонија.

Мицкоски го запознал својот соговорник за актуелната состојба во државата, каде што, како што рекол, има недостиг на дебата во однос на клучните прашања, носење на одлуки без соодветна дебата со опозицијата и евидентен политички терор насочен кон неистомислениците кој ги загрозува демократските капацитети на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека државата се соочува со сериозни економски предизвици, слабеење на стандардот на граѓаните и стагнирачка домашна економија.

Соговорниците се осврнале и на меѓупартиската соработка и подготвеноста и ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ дополнително да соработуваат за сферите кои се од обостран интерес.

По средбата со словечкиот лидер на СДС, Јанес Јанша, средбата со хрватскиот премиер Пленковиќ е втора во низа на Мицкоски и Николоски како дел од балканската агенда на интензивни дипломатски разговори. Утре претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се очекува да оствари средба со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Спонзорирано: