9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким: Важно е да се постигне клима за помирување и дијалог

Важно да се постигне топла клима на помирување и дијалог, изјави севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по разговорите со високата делегација, која во неделата се врати во земјата по тродневната посета на Јужна Кореја.

Истовремено, тој изрази задоволство, по повод посетата и оцени дека се импресивни напорите на Јужна Кореја, која му даде приоритет на нивното присуство во земјата.

„Многу е важно да се продолжи со добрите резултати на понатамошно заживување на климата на помирување и дијалог, што создадоа силна желба кај Северна и Јужна Кореја“, рече Ким, пренесоа медиумите во земјата.

Севернокорејската делегација присуствуваше во Јужна Кореја по повод отворањето на Олимписките игри, каде двете земји дефилираа под едно знаме.

Спонзорирано: