10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Катимерини“: Ципрас ќе побара предвремени избори за да се сврти вниманието од преговорите за спорот за името

Бомбите што сериозно влијаат врз политичката сцена во државата се случајот „Новартис“ и преговорите за името со ПЈРМ, кои може да доведат до предвремени избори, пишува „Катимерини“.

Се истражуваат тврдењата дека швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“ поткупувала високи грчки функционери за да ги зголеми продажбата и цените на своите производи во државните болници. Меѓу функционерите поврзани со скандалот се гувернерот на централната банка, Јанис Стурнарас, европскиот комесар за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, поранешниот премиер на Грција, Андонис Самарас, и некогашниот технички премиер, Панајотос Пикраментос. Корупцијата ја оштетила државата за речиси три милијарди евра. Сите ги негираат обвинувањата.

Аналитичарите во Грција, како што пишува „Катимерини“, велат дека случајот со „Новартис“ е во центарот на вниманието токму сега за да се сврти вниманието од преговорите за спорот за името. Се смета дека Ципрас ќе побара предвремени избори токму поради овие причини. „Катимерини“ пишува дека и покрај оптимизмот за спорот за името, знаците не се добри.

Спонзорирано: