20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Изложба „Борко Лазески 1917-1993“ во Даутпашиниот амам

Одбележувањето на 70-годишнината на Националната галерија на Македонија е посветено на уште еден голем јубилеј, 100 години од раѓањето на Борко Лазески. Чествувањето започна со промоција на монографското издание „Борко Лазески 1917-1993“, кое се одржа на 8 февруари во Македонската академија на науките и уметностите.

Одбележувањето продолжува со отворањето на изложбата „Борко Лазески 1917-1993“ в четврток, 15 февруари, во 19 часот, во Даутпашиниот амам.

На изложбата ќе бидат претставени шеесеттина дела од речиси сите творечки фази на авторот. Монографското издание и изложбата се финансирани од Министерството за култура на Република Македонија. Куратор на проектот е Маја Чанкуловска-Михајловска и тој ќе може да се посети до 5 април.

Спонзорирано: