11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Ексклузивно претставување на македонската книжевност во Полска

Во новиот број на реномираното полско книжевно списание Wyspa („Остров“) на воведно место е претставена македонската книжевност.

Во списанието е објавен осврт за македонската книжевност од проф. д-р Лила Мороз-Гжелак од Полската академија на науките, избрани песни преведени на полски јазик од афирмираните современи македонски поети Јовица Тасевски-Етернијан, Лидија Димковска и Владимир Илиевски, како и обраќањето на в.д. амбасадорката на Република Македонија во Полска, Горица Атанасова-Ѓоревска, на претставувањето на македонската поезија и проза на Меѓународниот саем на книгата во Варшава.

Освен поезија од Етернијан, Димковска и Илиевски, во овој број на списанието се објавени песни од ирскиот поет Шејмас Хини, добитник на Нобеловата награда и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, потоа од еминентната луксембуршка поетеса Анис Колц, добитничка на повеќе европски награди за поезија, од познатата данска авторка Ингер Кристенсен, како и од повеќе други афирмирани европски поети. Исто така, објавени се и прозни дела преведени на полски јазик од српскиот автор Филип Давид, од хрватскиот автор Слободан Новак и др. Списанието „Виспа“ излегува четири пати годишно, а главен уредник е Пјотр Добролецки.

Спонзорирано: