4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Вечер со поезијата на Игор Крајчев во велешкиот театар

В среда, 14 февруари, во фоајето на Театарот „Јордан Х. К. -Џинот“ во Велес, со почеток во 20 часот, ќе се одржи вечер со поезијата на Игор Крајчев.

Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Крајчев ќе читаат актерите Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски.

Циклусот поетски вечери е нова програмска активност на велешкиот театар посветена на афирмација и промоција на поезијата на поети по потекло од Велес. Во рамките на циклусот досега се одржаа вечерите со поезијата на Катица Ќулафкова, Ристо Јачев и Павлина Климкар-Меанџиева.