20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Во Штип граѓански форум за приоритетни прашања од локален интерес

Граѓани, новинари и експерти денеска ќе дебатираат со надлежните од Општина Штип за прашањата што приоритетно треба да бидат решени.

Идеите и ставовите за ова ќе бидат искажани на постизборен форум со наслов „Граѓанските приоритети во 100-те дена на новата локална власт“. Настанот што го организира здружението на граѓани „Медија плус“ ќе се одржи денеска (9 февруари) со почеток од 14 часот во мултимедијалниот центар „Канал 77“.

На настанот ќе се обрати и штипскиот градоначалник, Благој Бочварски, а ќе говорат директори на јавни претпријатија, како и раководители на сектори во Општината.

Спонзорирано: