Нова сезонска авиолинија Мастрихт – Охрид

Холандскиот авиопревозник „Corendon“, од ова лето, ќе воведе сезонска авиолинија од Охрид до градот Мастрихт, во југоисточна Холандија.

Летовите ќе започнат да се реализираат од 6 јули. Оваа авиокомпанија веќе има воспоставено сезонски лет од Охрид до Амстердам.

Двете линии се наменети за холандскиот туристички пазар, а билетите ќе се продаваат како дел од туристичките пакети. Од Општина Охрид велат дке се очекува уште неколку авиооператори меѓу кои „Brussels Airlines“, „Nordica“ и „TUIfly“да ги објават новите летови до Охрид што ќе се реализираат од ова лето.

Во тренд…