14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Големо поевтинување на нафтата: Одлични вести за македонските возачи

Македонските возачи може да очекуваат големо поевтинување на бензините од следниот период, имајќи во предвид дека на светските берзи суровата нафта паѓа.

Нафтата од типот „брент“ на берзата во Лондон денеска се продава за најниска цена од почетокто на оваа година. Имено, во моментов, барел нафта чини околу 64,3 долари, што е за над 5 долари помалку по барел во споредба со 69,6 колку што Регулаторна пресмета дека била просечната цена во изминатите 2 недели.

Трендот на намалување почна со крајот на минатата недела, кога во само еден ден, барелот поевтини за скоро 3 долари.

Инаку Регулаторната комисија последната корекција ја направи во понеделникот, што значи дека до следната корекција имаме уште 10 дена, период во кој доколку продолжи трендот на намалување на цените, можно е значително намалување на цените на горивата, кои во изминатиот период растеа.

Спонзорирано: