Средба Димитров-Коѕијас на 15 и 16 февруари во Софија

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе се сретнат на 15 и 16 февруари во Софија, објави Независната балканска новинска агенција (ИБНА) повикувајќи се на доверливи извори од Бугарија.

Средбата меѓу двајцата министри следува откако премиерот Зоран Заев рече дека македонската влада е подготвена за име со гоеграфска одредница во напорите да се изнајде решение што ќе биде прифатливо за двете страни. Македонскиот премиер вчера најави интензивни средби во текот на овој месец.

„Очекувам неколку средби за името што побргу. Времето е кратко, треба бргу да дејствуваме. Јас се надевам уште идната недела, под раководство на Метју Нимиц, дека ќе се одржи состанок помеѓу двајцата министри како ново ниво на преговарачкиот процес што е договорен“, изјави вчера Заев по прес-конференцијата со спортските работници одговарајќи на новинарски прашања дали се очекува месецов да се оствари нова средба со Грција на министерско ниво.

Во тренд…