5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Каратистите на Макпетрол заминаа за Гвадалахара, Шпанија

Македонските ререзентативци кои се најдобро рангирани на Светската ранг листа во карате спортот, вчера преку Софискиот аеродром отпатуваа за Мадрид, Шпанија за да учествуваат на турнирот од 1 Премиер Карате Лига, од така наречената А серија.

Во Гвадалахара ќе учествуваат 1354 спортисти од 82 држави, што укажува на податокот дека овој турнир ќе биде многу силен.

Турнирот е само за сениори-ки, и тие настапуваат во дисциплината кати и борби во поединечна конкуренција.

Секој остварен пласман до деветтото место и евентуално освоен медал, ќе значи и подобрување на рејтинг листата на нашите спортисти.

За Гвадалахара отпатуваа следните спортисти:

1. Сара Радичевска -50 кг

2. Симона Заборска -55 кг,

3. Наташа Стефановска -61 кг

4. Моника Стефановска -68 кг

5. Петар Заборски -75 кг

Спонзорирано: