20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Крводарителска акција во Општина Аеродром

Во просториите на Општина Аеродром вчера се одржа крводарителска акција во соработка со Црвен крст на Република Македонија. Меѓу крводарителите беа градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и дел од вработените во Општината.

„Крводарителската акција беше отворена за јавноста и траеше четири часа. Имаше голема заинтересираност, а крв даруваа вкупно 38 лица. Им благодариме на сите кои дојдоа и даруваа крв под мотото ‘Дарувај крв-спаси живот’“ порачаа од општината.

Поради големата заинтересираност, крводарителската акција преминува во редовна активност на Општината и ќе се одржува двапати годишно.

Спонзорирано: