16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Форбс“ открива кој станал милијардер со криптовалути

Претприемачот и раководител на криптовалутната платформа за платежни системи „Рипл“, Крис Ларсен, се најде на врвот на листата на „Форбс“ за милијардери што се збогатиле од операции со криптовалути. Станува збор за листа што првпат се прави досега, а богатството на Ларсен се проценува на 7,5-8 милијади долари.

На второ место е Џозеф Лавињ, кој помогнал во создавањето на „Етереум“, со богатство помеѓу 1 и 5 милијарди долари, а трет е Чанпен Чжао, основач на берзата за криптовалути Binance, која има меѓу 1,1 и 2 милијарди долари. „Форбс“ на четвртото место ги рангирал браќата Тајлер и Камерон Винкелвос, чие салдо е меѓу 0,9-1,1 милијарда долари.

Во рејтингот е вклучен и основачот на „Етереум“, Виталик Бутерин, со богатство од 400-до 500 милиони долари. Виталиј Вавилов, кој ја создаде компанијата Bitfury, исто така влегува во листата.

Авторите на рејтингот истакнуваат дека при процената на состојбата на најбогатите исто така се земаат предвид нетранспарентноста на операциите на дигиталните монети и високата нестабилност.

Спонзорирано: