10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Анѓушев и Сугарески на средба со МЖ транспорт – наследена е тешка финансиска состојба

Во Македонски железници транспорт А.Д. Скопје е наследена тешка финансиска состојба, која произлегува од непродуктини трошоци и несоодветни инвестиции кои не послужиле за зголемување на продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста, напротив создале дополнителен финансиски товар за претпријатието, што резултира со зголемување на долговите и загубите на акционерското друштво, заклучија заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кои денеска остварија средба со раководството на „Македонски железници“.

На средбата беше направен пресек на работата, како и презентација на моменталната состојба на претпријатието од страна на претседателот на управниот одбор и генерален директор Љубиша Ристиќ.

Утврдено е дека постојат повеќегодишни проблеми со кои се соочува МЖ транспорт, недомаќинско работење и несервисирање на долговите, што довело до загрозување на ликвидноста на компанијата.

По направениот пресек, на состанокот вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески разгледуваа опции и предложија потенцијални решенија за надминување на состојбата. Едно од предложените краткорочни решенија е да се репарираат постоечките вагони со што ќе се зголеми транспортниот капацитет на стоки преку железницата, со што железничкиот транспорт би станал поефикасен и поатрактивен за компаниите кои увезуваат или извезуваат производи, со што би се зголемиле приходите на МЖ транспорт и би се подобрила ликвидноста на претпријатието.

Спонзорирано: