5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Во Куманово доделени решенија за легализација на бесправно изградени објекти

Иинвестициите за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Кумановскиот Регион и легализацијата на бесправно изградените објекти беа повод за денешната посета на Куманово на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

„Од кредитната линија на Европската инвестициска банка, Општина Куманово има на располагање речиис 1,5 милион евра. Како што ме информира градоначалникот, до Министерството за транспорт и врски ќе достават уште два проекта, и тоа еден за одржување дел од водоснабдувањето во општината, како и изградба на канализација за селото Тромеѓа. Вкупната вредност на двата проекта изнесува околу 1 милион и 200.000 евра, така што на располагање ќе им останат уште 300.000 евра за што очекувам во следниот период да достават готов проект и за искористување на овие средства“, рече Сугаревски.

Посетата на општината Сугарески ја искористи можноста, заедно со градоначалникот Димитриевски, да додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти на жители на општина Куманово. Тој апелира сите оние што сè уште ја немаат поднесено потребаната документација, да го направат тоа што побргу, во предвидените рокови.

„Едниот рок е до крајот на 2018 година, и ќе важи за сите оние кои претходно не доставиле никакво барање за легализација, значи потенцирам, станува збор за нови барања. Другиот до крај на месец јуни оваа година, за граѓаните кои претходно не ги комплетирале потребните документи, за одново да ја започнат постапката за легализација“, посочи Сугаревски.

Додаде дека планирана е инвестиција вредна повеќе од 70 милиони евра за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во овој регион.

Тука би ги спомнал: изградбата на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка, изградбата на трета лента од Крива Паланка до Деве Баир, реконструкција на регионалните патишта од Куманово до Свети Николе, од Куманово до Опае и до Никуштак и други помали патни правци“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Спонзорирано: