Ќазим Асотиќ назначен за нов в.д. директор на МОБ

Фаготистот Ќазим Асотиќ е назначен за нов в.д. директор на Македонската опера и балет (МОБ).

Асотиќ е редовен член на МОБ од 1991 година. Завршил средно музичко училиште во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, отсек фагот, а дипломирал на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Магистратура по фагот завршил на Приштинскиот универзитет во Косово (2006 – 2007). Освен во МОБ, тој бил прв фаготист солист и во Симфонискиот оркестар – Ниш и вонреден професор на Музичката академија на Приштинскиот универзитет.

Има освоено награда за филантроп индивидуалец на годината и за лидер за опшествена одговорност од Меѓународната организација ЦИР-а; има добиено повеќе признанија, пофалници и благодарници, како за хуманитарни дејности, исто така и за уметничко и репродуктивно творештво. Асотиќ им бил менаџер на познати македонски естрадни уметници и на гостувања со нив надвор од државата на меѓународни музички фестивали.

Тој е основач и директор на Фондацијата „Срце од срце“, основана за помош и лекување на лицата заболени од леукемија и сите видови карцином и бил организатор на хуманитарни настани и концерти.

По апсењето на Игор Дурловски, кој беше директор на МОБ, во јуни минатата година за в.д. директорка беше назначена Олга Панго, а по неа на оваа позиција беше поставен Илија Рајковски.

Во тренд…