7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Нови цени на горивата – полнете ги резервоарите

Денеска напладне, вообичаено како и секоја втора седмица Регулаторната комисија ги обзнанува најновите цени на горивата во Македонија.

Според последната корекција горивата поскапија.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија. во просек за 1,71%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) беа зголемени за 1,00 ден/литар во однос на цените утврдени со Одлуката од 09.01.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/литар, малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,50 ден/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/литар.

Дали може да очекуваме ново поскапување на горивата засега е непознато, но последните два месеца, бензините и дизелот постојано растат.

Спонзорирано: