4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Нови цени на горивата во Македонија – колку ќе поскапи дизелот овој пат!?

На 5 февруари во понеделник, вообичаено секоја втора седмица Регулаторната комисија ги обзнанува најновите цени на горивата во Македонија.

Според последната корекција горивата поскапија.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија. во просек за 1,71%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) беа зголемени за 1,00 ден/литар во однос на цените утврдени со Одлуката од 09.01.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/литар, малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,50 ден/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/литар