23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Средба на Богдановиќ со амбасадорот на Чешка

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан. Градоначалникот и амбасадорот разменија мислења за актуелната ситуација. Богдановиќ изрази благодарност за поддршката на Чешката Република за евро-атлантските интеграции на земјава.

Амбасадорот Томан ја нагласи заинтересираноста за поблиска соработка за унапредување на односите не само на политичко ниво туку и во областа на културата и спортот. И двете страни се заинтересирани за поблиска соработка меѓу граѓаните и, како што посочи Томан, негов фокус е да ги запознае и зближи луѓето што имаат семејни, работни или образовни врски со Република Чешка, а чешкиот јазик, луѓето и културата да ги направи препознатливи во Македонија.

Се разгледуваат можности за заеднички проекти, концерти и изложби на територијата на општина Центар. Општина Центар е заинтересирана, а амбасадорот прифати да посредува за зближување и збратимување со општина со слични ингеренции и интереси во Чешка.

Спонзорирано: