3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Во функција три метларки за почисто Кавадарци

По примерот на големите европски градови и улиците, во Кавадарци од денеска улиците ќе се метат машински. ЈП „Комуналец“ доби современи машини т.н. метларки, со кои треба да се добие и поголема хигиена на градските улици.
Машините се набавени од комуналното претпријатие во Дуизбург, Германија, а се донација од „Синалко“ – Германија, „Кожувчанка “ – Кавадарци и „ИГМ трејд“ – Кавадарци. Овие три фирми обезбедија 85 илјади евра за набавка на метларките.
Денеска во посета на ЈП „Комуналец“ беше градоначалникот Митко Јанчев, кој во изјавата за медиумите нагласи дека продолжува реализацијата на проектот за поголема хигиена во Кавадарци.
„Проектот што го имаме зацртано – „Екоград“, односно грижата за поголема хигиена на градот, продолжува. Јас како градоначалник заедно со бизнис-секторот успеав да обезбедам три метларки што ќе ја одржуваат хигиената во градското подрачје, а во втора фаза и во руралните средини. Овие метларки ги собираат прашината и отпадоците од булеварите, улиците и тротоарите, исто така имаат и водно попрскување за намалување на прашината. Тоа ќе значи дека Кавадарци ќе биде модерен град. Комуналното претпријатие има модерна опрема и ќе има ефикасно работење во делот на хигиената“, рече Јанчев.
Голема благодарност до донаторите упати новиот директор на „Комуналец“, Ѓоко Попицов, и најави поголема хигиена во градот.
„За овие метларки ЈП „Комуналец“ имаше голема потреба. Тие првни ќе бидат користени за улиците од прва категорија, кои досега се метеа рачно, а ќе бидат искористени и за улици што досега никогаш не се метеа. Мислам дека граѓаните годинава ќе бидат задоволни од хигиената“, нагласи Попицов.
Кавадарци е втор град по Скопје, каде што метењето на улиците ќе се врши на модерен начин.
Спонзорирано: