14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Обамејанг потпиша за Арсенал

Арсенал го реализира трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд. Габонецот со лондонскиот клуб потпишал повеќегодишен договор.
Обамејанг од 2013 година играше во Дортмунд. За „милионерите“ постигнал 141 гол на 213 натпревари.
Арсенал за Габонецот на Борусија ѝ плати 63,75 милиони евра.
„И покрај сите непријатности што ги доживеавме изминатите недели, трансферот на Обамејанг во Арсенал ќе го паметиме како успешна приказна. Направи многу добри работи за Борусија, постигна толку многу важни голови и беше дел од тимот што го освои трофејот во Купот во 2017 година. Му посакуваме сè најдобро во Арсенал“, порачал спортскиот директор на Борусија, Михале Цорк.
Спонзорирано: