7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Миочиќ добро заработил од победата над Нгану

Стипе Миочиќ останал без бонусот за победата над Френсис Нгану, но сепак остватил добар приход од оваа борба.
Миочиќ испиша историја во ММА кога во УФЦ против Нгану третпат успеа да ја одбрани титулата во тешка категорија. Миочиќ за победата над Нгану заработил 600.000 долари, сума што ја добил и за претходните две борби. Покрај тоа, Миочиќ од спонзорот „Рибок“ добил 40.000 долари.
Нгану, кој против Миочиќ издржа пет рунди, а мечот го загуби едногласно на поени, од борбата заработил 500.000 долари. Истата сума ја добил и првакот во полутешка категорија Даниел Кормие за победата над Волкан Оздемир.
Инаку, Кормие ќе му биде следниот противник на Миочиќ.
Спонзорирано: