20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Музејот на македонската борба одбележува пет години музејска едукација на учениците

Во просториите на Музејот на македонската борба денеска (30 јануари) ќе се одбележат пет години од музејската едукација во институцијата.

Како што информираат оттаму, на настанот со почеток од 12 часот ќе се промовира каталог, ќе бидат изложени и креативни творби на учениците што учествувале во едукациските проекти во Музејот, a покрај едукаторите, свое обраќање ќе имаат и соработниците на разните проекти во изминатите пет години. Специјален музички гостин ќе биде ансамблот „Македонија“.

Музејската едукација во Музејот на македонската борба почна со проектот „Музејот – пријател на децата“ во 2012 година, а во последниве пет години опфати голем број ученици од училиштата во Скопје и Македонија.

Спонзорирано: