18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Хилари Клинтон на наградите „Греми“ читаше делови од книга за Трамп

Поранешната демократска кандидатка на претседателските избори во САД во 2016 година, Хилари Клинтон, неочекувано се појави на доделувањето на наградите „Греми“ во Њујорк. Таа беше присутна, како што пренесуваат светските медиуми, во политичкиот сегмент, каде што читаше делови од контроверзната книга „Оган и гнев“ за актуелниот претседател Доналд Трамп.

Таа се појавила во делот во кој познатите личности учествуваат на аудиција за читање на бестселерот на Мајк Волф, што ја организира водителот на годинешното доделување на наградите „Греми“, Џејмс Кордон.

Главни ѕвезди на шоуто беа Бруно Марс и Кендрик Ламар, кои ги собраа речиси сите награди.

Спонзорирано: