Одбележани 37 години од раѓањето на Тоше Проески

0 Shares

Обожавателите на Тоше Проески од целиот Балкан секоја година го одбележуваат 25 јануари, денот на неговото раѓање. Утринава голем број луѓе го посетија Гумење во Крушево и уште еднаш му оддадоа почит на починатиот пејач.

Денот на раѓање на Тоше традиционално се одбележува со голема крводарителска акција организирана во Домот на АРМ во Скопје. Во Крушево, пак, се одржа културно-уметничка манифестација во неговата спомен-куќа.

Сепак, фановите на Тоше со големо нетрпение го очекуваат новиот албум на Тоше, досега необјавени песни коишто биле пронајдени во неговиот компјутер. Фондацијата „Тоше Проески“ пред неколку месеци го најави албумот, ама не и точниот датум кога ќе биде промовиран.

Во тренд…


0 Shares