Никој не знае зошто: Доктор запалил 25 автомобили

0 Shares

Индиските власти уапсиле еден доктор бидејќи наводно запалил 25 автомобили во период од неколку дена во индиската сојузна држава Карнатака.

Полицијата наведува дека не е познато зошто Амит Гаиквад тоа го направил, односно дали се работи за ментално пореметување, пренесе Би-Би-Си.

Тринаесет автомобили припаѓале на доктори за кои се чини дека не се на било кој начин поврзани со Гаиквад (37), кој е асистент на професор по патологија.

„Професионално, луѓето го сметале за добар наставник“, рекол еден полицаец за Би-Би-Си и додал дека колегите на Гаиквад биле „во шок“.

Полицијата го фатила докторот на 17 јануари, а после апсењето властите соопштиле дека тој наводно запалил 10 автомобили истиот ден.

Во тренд…


0 Shares