4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Метеоролозите се лоши вести – какво време не очекува деновиве

Времето во Македонија ќе биде сончево насекаде со негативни утрински температури, во текот на денот со умерена локална облачност повремено со умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус осум степени, а дневната од еден до 12 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена локална облачност повремено со умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од минус четири до девет степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време, од сабота попладне со врнежи од дожд, на планините снег. Повеќе врнежи ќе има во недела, на крајот од денот ќе се префрлат кон исток и ќе поминуваат во врнежи од снег понекаде на повисоките места. Врнежите ќе завршуваат во понеделник наутро, но преку денот ќе биде студено и ветровито.