20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Клајн: Лазаров е човек со големо срце

Поранешниот германски репрезентативец Доминик Клајн, кој настапува заедно со Лазаров во францускиот Нант, во колумна за минхенски „Меркур“ пишува дека честопати разговарале со Лазаров токму за германската одбрана и дека македонскиот капитен особено стравувал од Лемке.

„Кога Лазаров игра низ средината како плејмејкер или се обидува да шутне, средниот блок ќе може да биде подефанзивен, а доколку игра по страничните позиции, ќе мораме да го нападнеме за да ги прекинеме проигрувањата кон пикерите“, пишува Клајн.

Германскиот ракометар вели дека е одушевен од Лазаров и дека за него „може да каже само убави работи“.
„Тој е човек со големо срце, кој живее за своето семејство, за својот тим и за сонот да настапи на Олимпијадата во Токио во 2020 година. Сето тоа на возраст од 37 години, тоа според мене е неверојатно“, пишува Клајн.

Спонзорирано: