13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп ја откажа посетата на Лондон, лут е поради изградбата на нова амбасада

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја откажа посетата на Лондон најавена за следниот месец, а како причина за откажувањето навел дека тој не е голем фан на новата амбасада на САД, која би требало да ја отвори во британската престолнина.
Трамп ја објави својата одлука на „Твитер“ нагласувајќи дека е разочаран што администрацијата на неговиот претходник Барак Обама ја продала американската амбасада во Лондон.
„Причината за откажувањето на мојата посета на Лондон е тоа што не сум голем фан на администрацијата на Обама, која ја продаде најдобро лоцираната и најубава амбасада во Лондон само за да изгради нова на полоша локација за 1,2 милијарди долари. Лоша работа. Сега сакате јас да ја пресечам лентата? Нема“, порача Трамп.
На сајтот на Амбасадата стои дека одлуката за промена на локацијата на зградата е донесена неколку месеци пред Барак Обама да стапи на функцијата претседател во јануари 2009 година.
Спонзорирано: