5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата во Италија уапсила две момчиња под сомнение дека запалиле бездомник

Италијанската полиција уапсила тинејџери на возраст од 13 и 17 години како главни осомничени во убиството на бездомник Мароканец кој е жив запален во близина на Верона, на северот на земјата.

Локалниот весник „Arena di Verona“ денес објави дека младо момче во полиција рекло дека не планирале да го убијат тој човек, велејќи дека тоа требало да биде „шега“.

64-годишниот Ахмед Фдил бил жив запален во автомобил на 13 декември во градот Зевио, јужно од Верона.

Момчињата го малтретирале Фдил со денови пред да го запалат.

Спонзорирано: