15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Девојка загинала во автомобил, а пред смртта ги изговорила овие зборови

„Отидов на забава и се сетив што ми кажа. Ми рече да не пијам алкохол, така наместо тоа пиев сок. Се чувствував гордо, како што ми кажа дека треба да се гордеам со себе. Ми рече да не пијам и возам, спротивно од тоа што други ми го кажуваа. Донесов здрава одлука и твојот совет беше точен, како и секогаш.

Кога забавата заврши, луѓето почнаа да возат иако не беа способни правилно тоа да го прават. Отидов до автомобилот свесна дека дома ќе се вратам мирна. Не можев да замислам што ме чека, мајко.

Сега лежам неподвижно на патот и го слушам полицаецот како зборува: ’Момчето кое ја предизвика сообраќајката беше пијано’.

Мајко, неговиот глас звучеше како да е толку далеку. Мојата крв е секаде околу мене и со сите сили се обидувам да не врескам.

Ги слушам лекарите како велат: ’Оваа девојка ќе умре’. Изгледа дека момчето, кое возело со полна брзина, одлучило да пие и вози, и сега мора да умрам!

Зошто луѓето го прават тоа, мајко, знаејќи дека тоа ќе уништи многу животи? Болка ме сече како стотици ножеви.

Кажи им на моите сестри да не плачат, кажи му на тато да биде силен. И кога ќе одам во рајот, ќе внимавам на вас.

Некој требаше да го научи тоа момче дека е погрешно да пие и вози. Можеби ако неговите родители би му го кажале тоа, јас не би била во ваква состојба! Мојот здив станува послаб, се` повеќе и повеќе.

Мајко, ова се моите последни моменти и се чувствувам очајно. Би сакала да можам да те прегрнам мајко, додека лежам тука и умирам…

Би сакала да можам да кажам колку те сакам мајко… Збогум…“

Овие зборови ги напишал новинар кој сведочел на една сообраќајна несреќа. Девојката, додека умирала, ги изговорила овие зборови, а новинарот ги запишал внимателно.

Истиот новинар ја започнал оваа кампања… испратете го ова на своите пријатели, роднини и сакани личности… Можеби вашиот живот ќе биде тој што ќе го спасите, или животот на саканите. Не им дозволувајте на другите да возат во пијана состојба…

Ако го читате сега ова, кликнете „Сподели“ – „Share“ и на тој начин пренесете ја пораката до вашите пријатели на социјалните мрежи.

БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ И ВНИМАТЕЛНИ – НЕ ВОЗЕТЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ!!!

Спонзорирано: