Кога љубовта ќе исчезне: Работи кои жена ги прави кога веќе ништо не чувствува кон вас

Ова се некои работи кои жените ги прават кога веќе не им се допаѓате…

Не комуницирате како порано: Претходно нормално сте комуницирале, а сега не покренува никаква тема и покажува како да не сака да се оптеретува со тоа.

Изговори: Кога сакате да излезете ос неа, ќе најде некој изговор како би одбила. Претходно едвај чекала да ја поканите, а сега не.

Не е расположена: Кога е во ваша близина, наместо да биде расположена, таа е нервозна и сè и смета. Некои работи кои ги правите и одат на нерви, а претходно не и сметале.

Молчалива е: Постојано молчи и навистина можете да забележите дека нешто не е во ред. Поразговарајте да видите за што станува збор.

Не се грижи како порано: Претходно се интересирала за вас, вашите случувања, а сега некои работи не ги забележува. Се фокусира повеќе на своите работи.

Не ги споделува своите чувства со вас: Претходно ви кажувала како се чувствува, што и се случува, а сега ве држи вон сето тоа.

Караници: Некои жени само молчат, а некои повеќе се караат. Доколку прави проблем и кога не сте згрешиле, можеби значи дека веќе не и се допаѓате.