Прогноза: Еве какво ќе биде времето наредниве денови

До петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.

Ќе дува претежно умерен северен ветер. Во петок во северните делови и вдолж Повардарието ветерот повремено ќе засилува и ќе биде малку пoсвежо.

За време на викендот времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат во пораст.