Почнува ли во четврток судир помеѓу планетарните сили: Британските подморници тргнуваат кон Сирија

Според податоците на весникот „Дејли Телеграф“, на британските подморници им е наложено да се покренат кон домет за рекетен удар на Сирија, откако беше објавено дека се очекува напад на Америка и нејзините сојузници против режимот на Башар ал Асад веќе во четврток.

Подморниците од Велика Британија се испратени на линија од која може да се лансираат крстосувачки ракети за воздушни удари на силите лојални на Асад во Сирија.

Наредбата наводно ја издала премиерката на Велика Британија Тереза Меј, која ги повикала своите министри на итен состанок како би разговарале за тоа како Британија ќе одговори на хемискиот напад минатиот викенд во Дума.

Претходно Би-Би-Си јави дека Меј донела одлука без одобрение на Парламентот да одобри учество на Велика Британија во воените операции како одговор на наводниот напад со хемиско оружје во Сирија за време на викендов.