Американците спремни за нуклеарна војна: САД го подигнаа леталото „Судниот ден“, еве за што се користи оваа летечка тврдина

Американците спремни за нуклеарна војна: САД го подигнаа леталото „Судниот ден“, еве зошто се користи оваа летечка тврдина!

САД во воздух го подигнале авионот E-4B „Nightwatch“, познат како леталото „Судниот ден“, објави ресурсот за следење авиони „Civmiler“.

На мапата која ја објавил порталот се гледа дека леталото се наоѓа над државата Индијана.

​E-4B називот „Судниот ден“ го добил бидејќи може да се искористи како команден штаб во услови на нуклеарен судир, доколку копнените структури на контрола се уништени или оштетени.

Авионот може да лета цела недела под услов да дополнува гориво во воздух. Опремата инсталирана на E-4B е заштитена од штетните фактори на атомска експлозија.

Засега нема информации зошто авионот е подигнат во воздух. Претходно медиумите известиле дека ова летало го следи претседателот за време на некои патувања во странство.